Се интензивира преговарачкиот процес на Кипар: Двајцата лидери ќе се состануваат два пати неделно

претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис одлучија да се состануваат два пати неделно

506895
Се интензивира преговарачкиот процес на Кипар: Двајцата лидери ќе се состануваат два пати неделно

Добива во интензитет преговарачкиот процес за изнаоѓање трајно решение за Кипарскиот проблем.

Двајцата лидери на поделениот остров претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на јужната кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис се состанаа повторно во рамките на преговорите за кипарското прашање.

Притоа двајцата лидери одлучија да се состануваат два пати неделно.

Средбата што се одржа во меѓупросторот под контрола на ОН траеше приближно 3 часа.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи истакна дека одлучиле во наредниот преговарачки процес да се состануваат два пати неделно.

Акинџи рече дека во овој процес по обострани разговори се откажале од регистрирање на прашањата во однос на кои ќе биде постигнат или нема да биде постигнат компромис, инаку предлог на кипарско-грчкиот дел.

Претседателот Мустафа Акинџи истакна дека се свесни оти не е можно да се формира конфедерација, а воедно додаде дека и кипарско-грчкиот дел треба да се откаже од приодот  за формирање на единствена држава.



Слични вести