Куртулмуш,на балканскиот народи им е подметнат раскол

На балканските народи кои во склад живееја скоро 6 века им беа подметнати поделби на етничка и верска основа така да тие застанаа на спротивни табори

503899
Куртулмуш,на балканскиот народи им е подметнат раскол

Вице премиерот на Турција Нуман Куртулмуш изјави во Скопје дека на балканскиот народи им е подметнат раскол така да застанаа на спротивните табори како Бошњаци, Албанци, Бугари, Турци,Грци или како Муслимани, Православни или Католици.

Потсетувајќи дека балканските народи 600 години живееја во соживот,мир и благосостојба потпретседателот Куртулмуш рече дека тој склад беше прекинат пред еден век.

На балканските народи кои во склад живееја скоро 6 века им беа подметнати поделби на етничка и верска основа така да тие  застанаа на спротивни табори.

Меѓународниот балкански универзитет ИБУ претставува важен научно културен центар кој ќе има голем придонес во повторното обединување на народите на Балканот, истакна Куртулмуш на свеченото доделување на дипломи на студентите кои дипломираа на Балканскиот универзитет во Скопје.

На свеченоста што се приреди во Народниот театар на Македонија учествуваше и сопругата на Нуман Куртулмуш, Севги Куртулмуш, потоа заменик премиерот во македонската влада Фестим Халили, министерот во владата Фуркан Чако, претседателот на фондацијата на Меѓународниот Балкански Универзитет Хусеин Бурге, амбасадорот на Турција во Македонија Омур Шолендил и ректорот на Балканскиот универзитет Исмаил Коџајусуфоглу.

Нуман Куртулмуш во своето обраќање кон присутните на свеченоста рече дека Балканскиот универзитет и понатаму ќе гради здрава и чиста основа за воспоставување на соживот меѓу народите од овој регион.

 



Слични вести