Официјално затворен кампот Идомени на грчко-македонската граница

Во кампот Идомени се наоѓаа над 8 илјади бегалци и со автобуси беа префрлени во другите кампови на северот на земјата

Официјално затворен кампот Идомени на грчко-македонската граница

По префрлувањето на бегалците од кампот Идомени на грчко-македонската граница во други кампови, официјално беше затворен истоимениот камп.

Вчера заврши акцијата за префрлување на бегалците од страна на грчката полиција која ја започна во вторник наутро со учество на над илјада полицајци и во придружба на хеликоптери.

Во кампот Идомени се наоѓаа над 8 илјади бегалци и со автобуси беа префрлени во другите кампови на северот на земјата.

Грчкиот заменик-министер за јавен ред и заштита на граѓаните Никос Тоскас рече дека во акцијата не беше употребена сила и дека поголемиот број од бегалците доброволно прифатија да го напуштат кампот.

Во новите кампови на бегалците ќе им се пружат подобри услови за живот и ќе им се обезбедат можности за продолжување на патувањето во европските земји.



Слични вести