Вработените во јавниот превоз во Грција започнаа штрајк против нацрт законот

Штрајкот кој започна утринава ќе продолжи и утре

495200
Вработените во јавниот превоз во Грција започнаа штрајк против нацрт законот

Вработените во јавниот превоз во Грција започнаа штрајк против нацрт законот со кој се предвидува и зголемување на даночната стапка кој се планира да се усвои од страна на Собранието.

Штрајкот кој започна утринава ќе продолжи и утре.

Во текот на дводневниот штрајк, граѓаните не ќе можат да ги искористат можностите на градскиот железнички сообраќај и трамваите како и метрото.

Меѓудругото, на повик на Федерацијата на вработените во јавниот сектор утре се очекува да се одржи штрајк против нацрт законот.

Со нацрт законот кој предизвика раздвиженост во собранието, освен зголемувањето на стапката на данокот на додадена вредност и другите индиректни даноци се предвидува и приватизација на јавниот превоз.



Слични вести