Во Бугарија паднал хеликоптер, пилотот погинал

Хеликоптерот ги запрашувал земјоделските површини кај селото Порој во околината на Несебар

493978
Во Бугарија паднал хеликоптер, пилотот погинал

Извори на Министерството за транспорт на Бугарија соопштија дека паднал хеликоптер кај Несебар во Црноморскиот регион на земјата. Хеликоптерот ги запрашувал земјоделските површини кај селото Порој во околината на Несебар.

Пилотот на хеликоптерот кој удрил во електрични кабли на висок напон погинал во несреќата.

Надлежните органи покренале истрага за обелоденување на несреќата и за трагичното загинување на пилотот.



Слични вести