Откажани изборите во Македонија закажани за 5 јуни

Парламентот не определи нов датум за предвремени избори

493819
Откажани изборите во Македонија закажани за 5 јуни

Претседателот на македонскиот парламент Трајко Вељановски го свика собранието на 101 седница на која пратениците го усвоија предлогот на законот за измени и дополнувања на Изборниот законик со која се брише датумот на предвремени избори закажани за 5 јуни годинава.

До откажувањето на датумот за предвремени избори дојде откога повеќето од главните политички партии во земјата порачаа дека ќе ги бојкотираат изборите на 5 јуни во знак на протест поради наводното владино прислушување на новинари и судии.

Парламентот не определи нов датум за предвремени избори.

Европската унија ја поздрави одлуката на парламентот за откажување на изборите велејќи дека не биле стекнати потребните услови за одржување на фер и демократски избори во земјата.

Инаку избирачкиот список со имиња на кандидати за пратеници за новиот состав на парламентот до Државната изборна комисија го достави само владеачката ВМРО-ДПМНЕ која во понеделникот стартуваше со предизборната агитација.

Инаку ова е по втор пат во Македонија во која владее длабока политичка криза да се откажат парламентарни избори.

 



Слични вести