Помина една година од повторното започнување на мировните преговори на Кипар

На првата годишнина од процесот на преговорите кој што беше започнат наново на 15 мај 2015 година, двајцата лидери на поделениот остров објавија заедничко писмено соопштение

491149
Помина една година од повторното започнување на мировните преговори на Кипар

Помина точно една година од повторното започнување на мировните преговори кои што се водат за постигнување трајно решение за Кипарскиот проблем.

На првата годишнина од процесот на преговорите кој што беше започнат наново на 15 мај 2015 година, страните на поделениот остров објавија заедничко писмено соопштение.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасиадис во објавеното заедничко соопштение уште еднаш го потврдија своето верување за постигнување решение.

Според соопштението и покрај тоа што сеуште постојат извесни тешкотии и разлики двајцата лидери на поделениот остров се задоволни од точката до која е дојдено.

Лидерите привлекоа внимание дека помина една интензивна година со преговори и  нагласија дека се одлучни по прашањето на пребродување на тешкотиите.

Двајцата лидери подвлекоа дека имаат за цел со покажување на внимателност кон меѓусебните чувствителности и права да постигнат решение кое ќе се потпира на формулата добивај-добивај.

Кипарските мировни преговори беа подложени на застој на 8 октомври 2014 година кога кипарско-грчкиот лидер Никос Анатасиадис се повлече од преговарачката маса. 

Потоа со посредство на специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде на 15 мај 215 година мировните преговори помеѓу страните на поделениот остров Кипар беа повторно започнати. 



Слични вести