Претседателот Ердоган во посета на Хрватска

Ердоган од страна на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ беше пречекан со високи државни почести

478853
Претседателот Ердоган во посета на Хрватска

По посетата на Баку, следната дестинација на претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше Хрватска.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган од страна на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ беше пречекан со високи државни почести.

Претседателот Ердоган заедно со сопругата Емине Ердоган во претседателскиот дворец беа пречекани од страна на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ  сопругот Јаков Китаровиќ.

По свечениот пречек и интонирањето на националните химни, претседателот Ердоган гардата ја поздави на хрватски.

По претставувањето на членовите на двете делегации, Ердоган и Китаровиќ се ракуваа пред знамињата на Турција и Хрватска и заедно со соппрузите се фотографираа за печатот.

Нешто потоа Ердоган и Китаровиќ преминаа во претседателскиот дворец каде што учествуваа на разговорите меѓу делегациите на двете земји.

На свечениот пречек учествуваа потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган, министерот за правда Бекир Боздаг, министерот за евроинтеграции Волкан Бозкир, министерот за економија Мустафа Елиташ, министерот за култура и туризам Махир Унал и потсекретарот на Министерството за надворешни работи Феридун Синирлиоглу.



Слични вести