Продолжуваат протестите на незадоволните македонски граѓани од одлуката на претседателот Иванов

И покрај дождот и студеното време голем број македонски граѓани продолжуваат со протестите против одлуката на претседателот Иванов и одржувањето на изборите на 7 јуни

478399
Продолжуваат протестите на незадоволните македонски граѓани од одлуката на претседателот Иванов

Илјадници демонстранти кои поради донесената одлука за прекинување на сите правни постапки против политичарите во Македонија ја бараат оставката на претседателот Ѓорге Иванов и покрај дождот и студеното време ги продолжија протестите во главниот град Скопје.

На протестите кои што со повремени прекини продолжуваат веќе приближно 3 недели демонстрантите се спротивставуваат и на одлуката со која се предвидува одржување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

По примерот на претходните недели демонстрантите се собраа пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, а со цел да ја добијат и неговата поддршка, по што тргнаа кон зградата на Собранието.

Потоа големиот број демонстранти дојдоа пред зградата на министертсвото за надворешни работи и согласно протестите кои ги нарекуваат „Шарена револуција“ фрлаа боја на зградата на министерството. 

Демонстрантите извикуваа слогани „Нема правда, нема мир“ и истакнаа дека ќе продолжат со протестите се додека не бидат исполнети нивните барања.

Освен во главниот град Скопје се одржуваат протести и во други градови на Македонија.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 12 април донесе одлука за аболиција на сите политичари против кои се води судска постапка, а како што рече во име на изнаоѓање решение за политичката криза во земјата која што продолжува веќе подолго време.

И покрај реакциите и протестите претседателот Иванов одржа конференција за претставниците на печатот на која истакна дека нема да ја повлече оваа своја одлука.

Потоа беше откажана средбата за која што беше испланирано да се одржи на 22 април во австрискиот главен град Виена под посредништво на ЕУ, а со цел решавање на политичката криза во Македонија.

Средбата беше откажана поради тоа што лидерот на главната опозициона партија Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев бараше македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ја повлече својата одлука и да се откаже одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.



Слични вести