За нов претседател на Движењето за права и слободи во Бугарија избран Мустафа Карадаји

На 9-от конгрес на Движењето за права и слободи што се одржа вчера под слоганот „Слобода, единство и заедништво“ за нов претседател е избран Мустафа Карадаји

477878
За нов претседател на Движењето за права и слободи во Бугарија избран Мустафа Карадаји

За нов претседател на партијата Движење за права и слободи во Бугарија која е формирана и повеќето од членовите го сочинуваат Турци и муслимани е избран Мустафа Карадаји.

На 9-от конгрес на Движењето за права и слободи што се одржа вчера под слоганот „Слобода, единство и заедништво“ учествуваа 900 делегати и 600 поканети гости. 

Притоа на конгресот беше подвлечено дека Движењето за права и слободи како најголема либерална партија во Бугарија Западен Балкан и Турција ги смета за неразделен дел на Европа.

Движењето за права и слободи како трета најголема опозициона партија располага со 30 пратеници во бугарскиот Парламент составен од вкупно 240 пратенички мандати.

Поранешниот претседател на Движењето за права и слободи Лутфи Метсан кој на 25 декември 2015 година беше истеран од партијата потоа формира нова партија по име Партија на демократи за одговорност, слобода и толеранција (ДОСТ).

Меѓу основачите на партијата ДОСТ заедно со Лутфи Местан се наоѓаат 6 пратеници кои го напуштија  Движењето за права и слободи.



Слични вести