На изборите во Србија победи Српската напредна странка (СНС) на премиерот Александар Вучиќ

Според неофицијални резултати на вчерашните одржани вонредни парламентарни избори во Србија со освоени 50,9-отсто од гласовите на српските бирачи опобеди Српската напредна странка (СНС) на актуелниот премиер Александар Вучиќ

477301
На изборите во Србија победи Српската напредна странка (СНС) на премиерот Александар Вучиќ

На вчерашните одржани вонредни парламентарни избори во Србија победи актуелниот премиер Александар Вучиќ чија партија освои 50,9-отсто од гласовите на бирачите.

Актуелниот премиер на Србија и претседател на партијата Српска напредна странка (СНС) Александар Вучиќ по соопштувањето на првичните неофицијални резултати од вчерашните вонредни парламентарни избори им се заблагодари на српските бирачи кои гласаа за неговата партија.

Велејќи дека резултатите од изборите претставуваат силна поддршка за демократијата, реформите и процесот на интеграција со Европа, Вучиќ рече: „Српскиот народ покажа колку е приврзан и кон себе си, и кон светот и кон подобрата иднина.“

Српската изборна комисија засега не објави било какво соопштение во врска со изборните резултати, додека според анкетните агенции во земјата коалицијата предводена од Српската напредна странка (СНС) на актуелниот премиер Александар Вучиќ доби повеќе од 51-отсто од гласовите на бирачите. 

Според овие неофицијални резултати на анкетните агенции изборниот праг го поминале и коалицијата предводена од Српската социјалистичка партија (СПС), Српската радикална странка (СРС) под водство на Воислав Шешељ, Демократската партија (ДП) и Движењето „Двери“.



Слични вести