Нуман Куртулмуш во Косово свечено ја отвори обновената џамија Мурат Беј

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш вториот ден од посетата на Косово вчера во селото Јањево во општина Липљан свечено ги отвори џамијата Мурат Беј и Културниот центар

476950
Нуман Куртулмуш во Косово свечено ја отвори обновената џамија Мурат Беј

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш вториот ден од посетата на Косово вчера во селото Јањево во општина Липљан свечено ги отвори џамијата Мурат Беј и Културниот центар чија реставрација и преуредување на околината беа реализирани од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Во говорот што ог одржа во оваа пригода НУман Куртулмуш истакна дека сите историски објекти во Косово ќе бидат поправени и обновени од страна на Турција и рече: „Нашата разделба траеше долго, но нашата средба ќе биде многу поживописна и многу потрајна.“

Куртулмуш напомена дека за време на комунизмот во Косово беше воспоставена многу голем притисок врз религиите кога беа запоставени и рушени џамиите и црквите со што се интервенираше врз верувањата на луѓето.

Потпретседатрелот на Владата Нуман Куртулмуш рече: „Ние Турците како внуци на Османлиите кои во 1912 година заминаа од овие територии, по изминат еден век повторно дојдовме овде кај нашите браќа Албанци,Турци, Бошњаци, Хрвати и сите други народи.“

Куртулмуш напомена дека освен џамијата Мурат Беј Турција ќе ги поправи и обнови сите џамии од османлиско наследство кои ќе бидат отворени за обред и со тоа што ќе овозможи повторно да се воспостави она емотивно сплотување на луѓето.

Нуман Кутрулмуш по својот говор заедно и со косовските министри, пратеници и други учесници во придружба и на текбири и дови (молитви) свечено ја отвори џамијата Мурат Беј каде што потоа го клањаше и пладневниот намаз.

Церемонијата заврши со проштека на Културниот центар кој што беше отворен заедно со џамијата Мурат Беј.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш потоа учествуваше на приемот што се одржа во една сала во Призрен, а по повод 23 април Денот на националниот суверенитет и празник на детето.

Истакнувајќи дека и покрај неговата интензивна програма во Турција оддели време за реализација на оваа посета на Косово, Куртулмуш  подвлече дека Турција секогаш ќе стои покрај косовскиот народ.



Слични вести