Продолжуваат протестите против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичарите

Илјадници македонски граѓани и синоќа излегоа на улиците во Скопје и протестираа против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за ослободување од кривично гонење на политичарите против кои се водат истраги под обвинение дека сториле кривични дела

472501
Продолжуваат протестите против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичарите

Во Македонија продолжуваат протестите на граѓаните во знак на незадоволство од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за прекинување на сите правни постапки против политичарите.

Илјадници македонски граѓани и вчера вечер ги продолжија протестите во Скопје.

Демонстрантите вчера вечер на петтиот ден од протестите повторно го повикаа претседателот Ѓорге Иванов на оставка, а исто така се спротивставија и на одлуката со која предвремените парламентарни избори се распишани за 5 јуни.

Демонстрантите исто како и во претходните денови најпрвин во знак на поддршка се собраа пред зградара на Специјалното јавно обвинителство, а потоа се упатија кон македонското Собрание.

Оттука демонстрантите тргнаа кон Триумфалната порта на која фрлаа со боја и јајца.

Потоа големиот број демонстранти пристигнаа пред Владината зграда каде што извикуваа слогани „Бараме прадва“, „Оставка за Иванов“ и „Нема правда, нема мир“.

Вчерашните протести поминаа во мирна атмосфера, беа насилство и инциденти.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 12 април во вторникот донесе одлука за стопирање на започнатите правни постапки против политичарите, а како што рече во име на изнаоѓање решение за присутната политичка криза во земјата.

Потоа претседателот Иванов во петокот одржа и конференција за претставниците на печатот на која истакна дека и покрај реакциите и протестите стои зад оваа своја одлука.



Слични вести