Формирана новата Влада на Турската Република Северен Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи го одобри новиот владин кабинет

472305
Формирана новата Влада на Турската Република Северен Кипар

Заврши Владината криза во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Претседателот Мустафа Акинџи го одобри новиот владин кабинет.

Претседателот Акинџи го прими Хусејин Озѓурѓун кого го назначи за мандатор за составување на новата Влада на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).​

По средбата која што траеше приближно еден час претседателот Мустафа Акинџи соопшти дека го одобрил списокот со министри на новата Влада.

Привлекувајќи внимание дека коалицијата составена од Партијата за национално единство (УБП) и Демократската партија (ДП) со поддршка и на независните пратеници доби доверба, Акинџи рече: „И покрај тоа што е критично од аспект на бројот она што е значајно се активностите кои што ќе ги реализира Владата.“

Мустафа Акинџи и посака успех на новата Влада за време на сојата работа и додаде дека исто така посакува да работи во усогласеност.

Должноста премиер на новата Влада на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе ја извршува Хусејин Озѓурѓун.

Во Владата учествуваат 7 министри од Партијата за национално единство (УБП), а тројца министри од Демократската партија (ДП).

По одобрувањео на новиот владин кабинет претседателот Мустафа Акинџи свика вонредна седница на Собранието на која ги информираше пратениците за списокот со новите министри во владата.

Програмата на новата Влада ќе биде доставена до Собранието на 22 април, додека гласањето за доверба на новоформираната Влада се очекува да се одржи на 27 април.



Слични вести