Во Албанија падна еден воен хеликоптер

Во несреќата загинале три воени лица во хеликоптерот кои се обучувале

466051
Во Албанија падна еден воен хеликоптер

Во подрачјето Малесиа е маде во близината на градот Скадар во северна Албанија се сруши еден воен хеликоптер.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана беше истакнато дека во несреќата загинале три воени лица во хеликоптерот кои се обучувале.

Останатиот персонал во хеликоптерот се спасил со повреди и биле пренесени на лекување во болница.

Министерката за одбрана Мими Кодели и министерот за здравство Илир Бегја ги посетија повредените во болницата и се стекнаа со информациите за несреќата.



Слични вести