Оставки во македонската влада

Двајца министри и тројца заменици министри од редовите на СДСМ поднесоа оставки на своите функции во привремената влада на Република Македонија

466179
Оставки во македонската влада

По тој повод официјално соопштение беше издадено од седиштето на СДСМ со кое се бара да биде свикана итна седница на парламентот кој инаку беше распуштен синоќа во согласност со одлуката од 23 февруари, а на која би биле констатирани оставките на нивните министри и заменици министри поднесени во текот на вчерашниот ден до претседателот на владата за спроведување на изборите Емил димитриев.

Во истото соопштение се подвлекува дека се поддржуваат сите напори за спроведување на фер и демократски избори.



Слични вести