Семинар за обука на наставници за деца со посебни потреби во Скопје

Од страна на Турската агенција за соработка и координација ТИКА и Здружението „Бела месечина“ во Скопје беше приреден семинар на тема „Програма за обука на наставници за развој на деца со посебни потреби“

464018
Семинар за обука на наставници за деца со посебни потреби во Скопје

копје во текот на 5 дена беше домаќин на една значајна програма за обука...

Од страна на Турската агенција за соработка и координација ТИКА и Здружението „Бела месечина“ во Скопје беше приреден семинар на тема „Програма за обука на наставници за развој на деца со посебни потреби“.

На семинарот кој што траеше 5 дена учествуваа учители, наставници и вработени во специјални училишта наменети за деца со посебни потреби, претставници на здруженија кои работат во сферата на развојот на децата со посебни потреби и родители на деца со посебни потреби.

Семинарот заврши со церемонија на која им беа врачени сертификати на учесниците.

Меѓу поканетите на церемонијата беа амбасадорот на Турција во Скопје Омер Шолендил, координатороот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА​ во Скопје Теоман Тирјаки, претседателот на турските невладини организации во Макеоднија МАТУСИТЕБ Тахсин Ибрахим, директорот на Институтот Јунус Емре во Скопје Мехмет Самсакчи и други гости.

Амбасадорот на Турција во Скопје Омер Шолендил во говорот што го одржа во оваа прилика го нагласи значењето на овој семинар и рече дека интергирањето на децата со посебни потреби во општеството е настан кој што буди крајно голема радост.

Координатороот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА​ во Скопје Теоман Тирјаки​ нагласи дека во рамките на оваа програма се предвидуваше да им се даде обука на 50 лица, но дека по пројавената голема заинтересираност оваа бројка беше зголемена на 100.

Претставникот на Здружението „Бела Месечина“ Осман Демирџи истакна дека во продолжение на оваа програма на еден дел од учесниците ќе им сеовоможи да ги видат применувањата во училиштата и институциите за деца со посебни потреби во Турција.

Учесниците на семинарот исто така изразија надеж дека оваа програма ќе продолжи и во иднина.



Слични вести