Се распадна коалиционата Влада во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Партијата за национално единство (УБП) најпрвин поради кризата со водата, а потоа и кризата поради финансискиот протокол донесе одлука да се повлече од коалиционата Влада

463788
Се распадна коалиционата Влада во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Се распадна коалиционата Влада во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Партијата за национално единство (УБП) најпрвин поради кризата со водата, а потоа и кризата поради финансискиот протокол донесе одлука да се повлече од коалиционата Влада.

Недоразбирањето помеѓу двете партии коалициони партнери во Владата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Партијата за национално единство (УБП) и Републиканската турска партија (ЏТП)​, веќе извесно време продолжуваше.

Првата значајна криза се доживеа за време на процесот на предавање на правото на стопанисување со проектот за снабдување со вода на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Потоа тоа што Републиканската турска партија (ЏТП)​ ​ се однесуваше безволно на разговорите за финансискиот протокол кои што продолжуваат во текот на 7 месеци помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), ја налути Партијата за национално единство (УБП).

Откако беше соопштено дека платите нема да бидат исплатени целосно партиското собрание на Партијата за национално единство (УБП)​ донесе одлука за повлекување од коалицијата.

Министрите на УБП своите оставки ќе му ги врачат на премиерот Омер Калјонџу утре.

Претседателот на Партијата за национално единство (УБП)​ Хусејин Озѓурѓун истакна дека се подготвени за жртвување за надминување на политичката блокада.

Претседателот на Републиканската турска партија (ЏТП)​ и премиер Омер Калјонџу исто така истакна дека нема да заземат место во ниту една формација која нема да ги споделува нивните чувствителности во врска со финансискиот протокол.

Калјонџу го обвини својот поранешен партнер во коалиционата влада во врска со тоа дека ги напушти и по прашањето на водата.

Во меѓувреме претседателот на Републиканската партија (ЏП) Мехмет Али Талат изјави дека неговата партија ги затвора вратите за сите алтернативи за формирање на коалициона партија и ја повика Партијата за национално единство (УБП)​ да формира преодна влада која ќе ги спроведе изборите.

Талат рече: „Страната која ја напушти владата треба да ја преземе и одговорноста за формирање на преодна влада.“

Сега погледите во Турската Република Северен Кипар се свртени кон формирање на нова влада.

Едната од сценаријата за кои што се говори најмногу низ политичките кулоари е дека Партијата за национално единство (УБП)​ ќе формира нова коалициона влада со Демократската партија (ДП) и дека оваа влада ќе биде преодна влада која ќе ги спроведе изборите.



Слични вести