Воислав Шешељ ослободен од сите девет точки од обвинението

Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија го ослободи српскиот националистички лидер Воислав Шешељ поради недостаток од докази по сите 9 точки од обвинението

462141
Воислав Шешељ ослободен од сите девет точки од обвинението

Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во холандскиот град Хаг во судскиот процес против српскиот националистички лидер Воислав Шешељ донесе одлука за негово ослободување поради недостаток од докази по сите 9 точки од обвинението.

Судскиот совет во врска со обвинението во кое Шешељ се терети за воено злосторсно против несрпските народи во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија во периодот од 1991 до 1993 година, пресуди дека не е виновен.

Воислав Шешељ во обвинението составено од 9 точки се обвинуваше за кривични дека „извршување злосторство против човештвото“ и „кршење на законите или обичаите на војување“.

61-годишниот српски националистички лидер за кого обвинителството бараше казна затвор од 28 години не присуствуваше на судењето поради здравстевни проблеми.

Судот во 2014 година поради негови здравствени проблеми донесе одлука за привремено ослободување на Шешељ.



Слични вести