Нова средба на двајцата лидери на Кипар

Средбата помеѓу двајцата лидери на поделениот остров Кипар, Мустафа Акинџи и Никос Анастасиадис во меѓупросторот под контрола на ОН траеше приближно 5 часа

460071
Нова средба на двајцата лидери на Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасиадис во рамките на преговорите за изнаоѓање решение на поделениот остров се состанаа во меѓупросторот кој се наоѓа под контрола на ОН.

Средбата помеѓу двајцата лидери траеше приближно 5 часа.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи по средбата одговараше на прашањата на новинарите и истакна дека создавањето на нови проблеми со што ќе бидат блокирани преговорите за изнаоѓање трајно решение е непосакувана состојба.

Истакнувајќи дека со загриженост се следат едностраните чекори кои што ги фрла кипарско-грчката страна во последно време по прашањето на енергијата, Акинџи напомена дека на преговорите не сакаат да дојде до нови тензии.

„Во период кога волку интензивно продолжуваат преговорите за решение целата наша брзина и енергија треба да ја интензивираме во оваа насока. Треба да создадеме сфера на соработка од која ќе профитира секој и да не создадеме нови тензии.“ - рече Акинџи.

Велејќи дека продолжуваат да се водат разговори за зближување во однос на прашања за кои не може да се постигне договор, Мустафа Акинџи го соопшти и календарот на средбите кои што ќе бидат остварени во април и мај.

Според тоа во месец април двајцата лидери на поделениот остров Кипар, Мустафа Акинџи и Никос Анастасиадис ќе се состанат два пати.

Датумите на средбите се закажани за 18 и 25 април.

Во мај пак која ќе се одржат и парламентарни избори во јужниот грчки дел на Кипар двајцата лидери се договорија да се состанат на 9 мај.



Слични вести