Македонскиот парламент донесе одлука за продолжување на кризната состојба заради бегалците

Парламентот на Р. Македонија донесе одлука со која се продолжува кризната состојба на подрачјата на јужната и на северната граница на земјата до крајот на годината

460783
Македонскиот парламент донесе одлука за продолжување на кризната состојба заради бегалците

Парламентот на Република Македонија каде што на границата со Грција чекаат за влез илјадници бегалци усвои одлука со која се предвидува нејзините граници да бидат затворени за бегалците најмалку до крајот на годината.

На тој начин е продолжен рокот и на кризната состојба на подрачјата на јужната и на северната граница на Македонија.

Прогласената кризна состојба во земјата во август минатата година го легализира задолжувањето на воените единици на границите на земјата.

Границите на Македонија од минатиот месец се затворени за влегување за бегалците.

Бегалците влегуваа во Македонија од каде што го продолжуваа своето патување кон северна Европа по маршрутата наречена Балканска рута.

Според претпоставките на кризниот центар во Атина, во Грција во моментов се наоѓаат над 50 илјади бегалци.

Приближно 12 илјади од овие бегалци се сместени во бегалскиот камп кај Идомени на грчко-македонската граница.



Слични вести