580 милионска Европа не сака да прими 1 до 1,5 милиони бегалци

Грчкиот министер за внатрешни работи Панајотис Курублис камп кај Идомени во кој иљадници имигранти се сместени во ненормални услови го нарече модерен собирен центар

453556
580 милионска Европа не сака да прими 1 до 1,5 милиони бегалци

Европа на крајот и самата станува вознемирена од ставот кон имигрантите.

Грчкиот министер за внатрешни работи Панајотис Курублис кампот кај Идомени во кој иљадници имигранти се сместени во ненормални услови го нарече модерен собирен центар.

Министерот Курублис после обиколката на бегалскиот камп кај Идомени изјави за групата новинари кои го следеа дека тие унесреќени луѓе бегаат од воените конфликти во кои делумно е вовлечена и дел од Европа и додаде “ 580 милионска Европа не сака да прими 1 до 1,5 милиони бегалци што навистина не и личи.“

Министерот Курублис апелира до сите бегалци во Грција да се упатат кон центрите за прифат поставени од страна на грчките власти и додаде дека за подобрување на здравствените услови во Идомени ќе се вакцинираат децата и возрасните бегалци воедно и дека ќе биде подобрена безбедноста.

Според последните податоци во Идомени се прифатени 12 000 бегалци а во целата Грција над 46 000.

Тие беа примирани да го прекинат патувањето кон европските земји откога Австрија и балканските држави ги блокираа границите.



Слични вести