Напад со молотов коктел на претседателската зграда во Приштина

Во инцидентот нема повредени

449544
Напад со молотов коктел на претседателската зграда во Приштина

Според писменото соопштение објавено од страна на косовската полиција, непознати лица фрлија молотови коктели врз претседателската зграда.

Во инцидентот нема повредени. Напаѓачите кои сакаа да фрлат молотови коктели во зградата го скршија прозорецот, но експлозивното средство не ја погоди зградата.

Во соопштението беше истакнато дека молотовите коктели експлодирале покрај надворешната фасада на зградата, дека напаѓачите од местото на настанот побегнале со едно бело возило и дека веднаш по настанот пристигнале екипите за увид на лице место.



Слични вести