Продолжуваат преговорите за изнаоѓање трајно решение на Кипар

Ѓузелјурт Nе се наоѓа на дневниот ред на денешните разговори на лидерите

448772
Продолжуваат преговорите за изнаоѓање трајно решение на Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи го прими специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар Еспен Барт Ејде.

Во изјавата за печатот по едночасовната средба, специјалниот претставник Ејде рече дека со претседателот Акинџи размениле мислења во врска со натамошниот тек на преговорите.

На едно прашање во врска со прашањето Ѓузелјурт, Ејде рече дека прашањето не се наоѓа на дневниот ред на денешните разговори на лидерите.

Специјалниот претставник Ејде потсети дека страните постигнале компромис прашањето во врска со имотите и земјиштето да се разгледа во последната етапа и дека моментално на преговарачката маса не се наоѓа ова прашање.

Во последно време Кипарско грчката управа го изнесуваше ставот дека „Ако го нема Ѓузелјурт, нема спогодба“.

Портпаролот на Кипарско грчката управа имаше најавено дека на средбата на лидерите наводно ќе биде изнесено и разгледано и прашањето Ѓузелјурт.

Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи остро реагираше на оваа изјава и потсети дека разгледувањето на имотно правните односи и земјиштето ќе бидат разгледани во последната етапа на преговорите.



Слични вести