Пакет итна помош од ЕУ за Грција наменет за мигрантите вреден 700 милиони евра

Пакетот итна помош се планира за 2016 година да изнесува 300 милиони евра и потоа до крајот на 2018 година да достигне и до 700 милиони евра

443197
Пакет итна помош од ЕУ за Грција наменет за мигрантите вреден 700 милиони евра

По се поголемиот прилив на мигрантите ЕУ подготви пакет итна помош за доделување финансиска поддршка на Грција за справување на оваа земја со мигрантската криза.

Пакетот итна помош се планира за 2016 година да изнесува 300 милиони евра и потоа до крајот на 2018 година да достигне и до 700 милиони евра.

Освен тоа функционери на Европската комисија велат дека ова е почетна сума и дека ако затреба може да се зголеми.

Еврокомесарот за хуманитарна помош и управа со кризи Христос Стилианидис од чија страна ќе бидат соопштени деталите на пакетот итна помош за Грција, истакна дека оваа иницијатива е значајна за спречување на хуманитарната криза.

Според податоците на ОН во моментов во Грција се наоѓаат 24 илјади мигранти кои чекаат за да заминат за земјите на ЕУ.

Во понеделникот стотици мигранти кои чекаат на грчко-македонската граница се обидоа насилно да влезат во Македонија обидувајќи се притоа да ја урнат жичаната ограда.

Земјите како што се Македонија и Австрија кои се наоѓаат на маршрутата на мигрантите за западна Европа веќе почнаа дневно да го дозволуваат влезот на само одреден број мигранти.



Слични вести