Македонија ја затвори границата за мигрантите

Македонија која од минатата недела досега го дозволуваше влезот на ограничен број мигранти овојпат целосно ја затвори својата граница за мигрантите

441099
Македонија ја затвори границата за мигрантите

По затворањето на грчко-македонската граница продолжува очајното исчекување на илјадници мигранти кои сакаат да преминат од Грција во Македонија, а оттаму за Србија и западно-европските земји.

Македонија која од минатата недела досега го дозволуваше влезот на ограничен број мигранти овојпат целосно ја затвори својата граница за мигрантите.

На тој начин започна очајното исчекување на илјадници мигранти и во селото Идомени на грчко-македонската граница.

Приближно 7 илјади лица од кои поголемиот дел го сочинуваат ирачки и сириски мигранти за обезбедување дури и на своите основни потреби се приморени да чекаат со часови.

Мигрантите кои за да се заштитат од студот палат оган и се покриваат со ќебиња чекаат добра вест од македонските власти.



Слични вести