Земјоделците во Грција продолжуваат со демонстрациите

Како последица на демонстрациите, турските камиони не можат да патуваат за Европа

433803
Земјоделците во Грција продолжуваат со демонстрациите

Земјоделците во Грција продолжуваат со демонстрациите кај граничниот премин Кипи против Владата која донесе дополнителни даноци и сака да изврши промени во законот за социјална безбедност.

Како последица на демонстрациите, турските камиони не можат да патуваат за Европа.

Земјоделците ги затворија патиштата за камионите поради што турските возачи не можат да поминат преку граничниот премин Ипсала кој го користат како влез во Грција.

Според соопштението објавено од страна на Регионалната дирекција за царини и трговија на Тракија, како последица на демонстрациите на грчките земјоделци, беше затворен граничниот премин Ипсала за камионите, додека моторните возила и автобусите слободно можат да преминуваат.

Демонстрациите на грчките земјоделци кои траат од почетокот на овој месец се причина за чести попречувања и застои на граничниот премин.



Слични вести