Таксистите во Гевгелија се судрија со македонската полиција

Македонската полиција употреби сила за оддалечување на таксистите кои ја блокираа пругата при што дојде до судир во кој имаше и повредени

428424
Таксистите во Гевгелија се судрија со македонската полиција

Бегалскиот бран кон Европа создаде дополнителна заработувачка за таксистите во Македонија.

Македонските власти интервенираа на превисоките тарифи кои што се применуваат од страна на таксистите за превоз на бегалците. По оваа интервенција дојде до нагло опаѓање на приходите на таксистите кои штрајкуваа и притоа се судрија со полицијата на границата со Грција.

Еден дел од бегалците кои преминуваат преку грчко-македонската граница при патување кон Србија користат такси.

Меѓутоа надлежни во Македонија истакнуваат дека таксистите искористувајќи ја оваа состојба на бегалците за превоз кој во нормални услови чини 100 евра бараат по 250 евра.

По овие прекумерни цени македонските власти предимство во превозот на бегалците од Гевгелија на македонско-грчката граница до македонско-српскиот граничен премин Табановце им дадоа на автобусите и возовите.

Таксистите пак кои протестираат против оваа одлука на властите за усмерување на бегалците кон патување со автобус и воз, веќе неколку дека одржуваат штрајк со седење блокирајќи ја пругата.

Македонската полиција употреби сила за оддалечување на таксистите од пругата при што дојде до судир во кој имаше и повредени.

Притоа полицијата притвори голем број штрајкувачи.




Слични вести