Оддадена почит на жртвите во масакрот на пазарот Маркале во Сараево

Голем број лица меѓу кои се наоѓаа блиски на жртвите, преживеаните, делегации и граѓани на Сараево им оддадоа почит на 68-те загинати цивли во масакрот на градскиот пазар Маркале

428079
Оддадена почит на жртвите во масакрот на пазарот Маркале во Сараево

Вчера се одбележаа 22 години од масакрот на пазарот Маркале во Сараево.

За време на војната во Босна испалена граната од позициите босанските Срби на 5 февруари 1994 година експлодираше на градскиот пазар Маркале во центарот на Сараево каде што во моментот на нападот се наоѓаа голем број луѓе.

Притоа во нападот животот го загубија 68 лица,а 144 лица беа повредени.

Голем број луѓе се собраа на местото на нападот и положија цвеќиња, им беше оддадена почит на жртвите во масакрот и беа читани молитви.

За време на војната во Босна српските сили го држеа под опсада Сараево точно 48 месеци. На 22-риот месец од опсадата од позициите на војската на Република Српска од околината на Сараево беше истрелана топовска граната која падна на најпрометниот пазар на градот Маркале каде што во тој момент се наоѓаа голем број Бошњаци кои пак беа во потрага по храна и други основни потреби за живот.

Во овој безмилосен масакр животот го загубија 68 лица, а 144 лица беа повредени.

Србите негираа дека го извршиле овој кукавички напад чија цел беа невини цивили, па дури во првиот извештај на ОН беше застането во одбрана на тоа дека гранатата била истрела од бошњачките позиции.

Меѓутоа во судскиот процес против командантите на босанските Срби во Хаг вистините беа обелоденети.

Командантот на силите на босанските Срби Станислав Галиќ призна дека нападот бил извршен од нивна страна и беше осуден на доживотен затвор.

После војната 5 февруари беше прогласен за Ден на сеќавање на сите загинати граѓани на Сараево во периодот од 1992 до 1995 година.



Слични вести