На повидок нова турска партија во Бугарија

Ајдоган Али независен пратеник од Шумен Бугарија изјави дека планираат да формираат нова политичка партија на Турците во Бугарија

427337
На повидок нова турска партија во Бугарија

Претседател на новата партија ќе биде Љутфи Местан, рече Али и додаде дека партијата најверојатно ќе биде формирана после 10 дена.

Пратеникот Ајдоган Али престојува во Едирне каде остварува низа средби и контакти. Тој додаде дека, откако Љутфи Местан кој насилно беше отстранет од челната функција на партијата на Права и слободи на Бугарија во која воглавном членуваат Турци, 6 пратеници на оваа партија поднесле оставки.

Местан беше отстранет од функцијата претседател на партијата од страна на почесниот претседател на истата партија Ахмет Доган.

Последните случувања во партијата Права и слободи во Бугарија предизвикуваат сомневања во добрата намера на партиското раководство.Како реакција на одлуката на почесниот претседател на партијата Ахмет Доган кон Љутфи Местан, што сметаме дека е сосема неправедна планираме да формираме нова партија на Турците во Бугарија на чие чело ќе застане Љутфи Местан, подвлекува на крајот пратеникот Ајдоган Али.



Слични вести