Во Македонија конечно формирана преодната Влада

Собранието на својата синоќешна седница со гласовите на 72 пратеници ја избра преодната Влада под претседателство на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев

423801
Во Македонија конечно формирана преодната Влада

огласно постигнатиот договор помеѓу власта и опозицијата по оставката на премиерот Никола Груевски минатата недела во петокот, во Република Македонија синоќа конечно беше формирана преодната Влада која ќе управува со земјата до одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 24 април 2016 година.

На гласањето што се одржа во македонското Собрание преодната Влада формирана под претседателство на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев беше избрана со 72 гласа „за“ и 9 воздржани гласа на пратениците.

По чинот на гласање членовите на преодната влада положија заклетва.

За време на чинот на полагање заклетва пратениците на главниот опозициски Социјал-демократски сојуз на Македонија (СДСМ) протестираа.

Премиерот на преодната Влада Емил Димитриев во своето обраќање пред пратениците во Собранието истакна дека премиерската функција изискува голема одговорност и рече: „Нашата задача е да се одржат демократски, слободни и продуктивни избори во што и ќе успееме.“

Од друга страна пред да биде утврден составот на преодната Влада Собранието ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски.

Пратеникот на СДСМ Горан Сугаревски во својот говор пред Собранието наведе дека Груевски се обидува да врши измама на изборите и дека неговата апртија нема да учествува на предвремените парламентарни избори закажани за 24 април.

Во меѓувреме на синоќешната седница на Собранието воедно беше донесена и одлука за распуштање на Собранието.

Согласно донесената одлука со мнозинство гласови Собранието 60 дена пред датумот на одржување на предвремените параментарни избори официјално ќе биде распуштено.



Слични вести