Голем број мигранти во студ продолжуваат патуваат кон Европа

Стотици мигранти меѓу кои има и деца кои се излезени на патување во студ од Македонија продолжуваат да преминуваат во Србија

422943
Голем број мигранти во студ продолжуваат патуваат кон Европа

Мигрантите кои се обидуваат да пристигнат во европските земји покрај макотрпното патување на кое се излезени водат борба и против тешките зимски услови.

Стотици мигранти меѓу кои има и деца кои се излезени на патување во студ од Македонија продолжуваат да преминуваат во Србија.

Поголемиот дел од мигрантите кои се згрижуваат во изградените кампови за нив имаат за цел да го продолжат патувањето и да пристигнат во Германија.

Политиката на „отворени врати“ што ја следи германската канцеларка Ангела Меркел за мигрантите пак ја привлекува реакцијата на голем број средини во оваа земја.

Генералниот директор на Меѓународната организација за миграции Вилијам Леси Свинг предупреди дека непријателството кон мигрантите во голем број развиени земји расте на досега невиден начин.

Надлежни истакнуваат дека овој раст во непријателството кон мигрантите е поттикнат од реализираните терористички напади во главниот град на Франција Париз и од случаите на сексуални напади за време на новогодишните прослави во градот Келн во Германија.

Исти надлежни нагласуваат дека треба да се избегнува од овие предрасуди со кои мигрантите се етикетираат како „закана за безбедноста“.

Во тие рамки Австрија соопшти дека го суспендира Шенгенскиот договор.

За спречување на приливот од мигранти австрискиот премиер Вернер Фајман рече: „Исто како и Германија и ние ќе воведеме строга контрола на нашите граници и ќе ги депортираме мигрантите. На оние кои немаат право да добијат статус на бегалец или нема да се обратат за добивање статус на бегалец нема да им се дозволи влез во земјата.“



Слични вести