Турција направи што требаше за заштита на својот интегритет

Турција обезбеди значаен придонес во развојот на економијата и вработувањето во БиХ

413828
Турција направи што требаше за заштита на својот интегритет

Бакир Изетбеговиќ, членот на претседателството на Босна и Херцеговина од бошњачко потекло во врска со соборувањето на рускиот авион кој го прекрши турскиот воздушен простор рече дека Турција го направи тоа што требашеза заштита на својот територијален интегритет.

Во интервјуто за Агенцијата Анадолија (АА) Изетбеговиќ рече дека соборувањето на авионот неповолно се одрази и врз двете страни.

Русија чувствува загриженост поради првото соборување на еден свој авион од Втората светска војна наваму. Турските државници фрлаат значајни чекори за изнаоѓање најповолно решение на ситуацијата. Гледано од тој аспект, секако дека и јас лично сакам да се изнајде најдобро решение, рече Изетбеговиќ.

Со Турција развивме мошне поволни економски односи, рече Изетбеговиќ и потенцираше дека најголем придонес на Турција се проектите кои се остваруваат со посредство на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Од друга страна пак, извозот од 15 тони месо од Босна и Херцеговина во Турција обезбеди значаен придонес во развојот на економијата и вработувањето.

Турција овозможува неограничени придонеси за развојот на Босна и Херцеговина и другите земји во регионот, подвлече Изетбеговиќ.


Тагови:

Слични вести