Турција и Косово потпишаа договор за реадмисија

Турција е стратешки партнер на Косово

410350
Турција и Косово потпишаа договор за реадмисија

Договорот за реадмисија го потпишаа косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени и Амбасадорката на РТ во Приштина Кивилџим Килич.

Во говорот што го одржа на свеченото потпишување на договорот во министерството, косовскиот министер Хисени рече дека Турција е стратешки партнер на Косово и дека потпишаниот договор освен тоа што има големо значење од аспект на реадмисијата, исто така претставува значаен чекор за признавање на визната либерализација.

Амбасадорката на РТ во Приштина Килич рече дека добрите односи меѓу двете земји се базираат на пријателството и заедничката култура и потенцираше дека Турција ќе продолжи со поддршката на Косово со цел да го зазеде своето достојно место на меѓународната арена и да го оствари развојот.

Килич изрази задоволство од потишувањето на Договорот за реадмисија меѓу двете земји со надеж дека ќе даде придонес во унапредувањето на добрите односи.


Тагови:

Слични вести