Во Белград  се одржува 22-от Министерски совет на ОБСЕ

На дводневниот состанок на кој Турција ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваат министри и делегации од 57 земји членки на Организацијата за за европска безбедност и соработка (ОБСЕ)

398952
Во Белград  се одржува 22-от Министерски совет на ОБСЕ

Во Белград се одржува 22-от состанок на Министерскиот совет на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

На дводневниот состанок на кој Турција ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваат министри и делегации од 57 земји членки на Организацијата за за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

На отворањето на состанокот говореше српскиот премиер Александар Вучиќ кој истакна дека неговата земја како привремен претседавач на ОБСЕ извршува значајна одговорност особено во период кога продолжуваат судирите во Украина и на Блискиот исток и се доживуваат миргантската криза и терористички напади.

Американскиот државен секретар Џон Кери во својот говор се осврна на борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Кери истакна дека во борбата против ДЕАШ освен од воздушна операција се има потреба и од копнени сили.

Во меѓувреме министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по отворањето на состанокот ги започна своите билатерални разговори.

Чавушоглу првата средба ја оствари со министерот за надворешни работи на Малта Џорџ Вела, додека средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров која се очекува со голема заинтересираност е закажана за 16:30 часот според турско време.

Чавушоглу се очекува да оствари средби и со министрите за надворешни работи на Шведска и Унгарија. 


Тагови:

Слични вести