Нова средба на Кипар помеѓу Акинџи и Анастасиадис

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасиадис се состанаа повторно во меѓупросторот на поделениот остров

421881
Нова средба на Кипар помеѓу Акинџи и Анастасиадис

Продолжува преговарачкиот процес помеѓу страните на Кипар.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасијадис во рамките на преговарачкиот процес што продолжува повторно се состанаа во меѓупросторот на поделениот остров.

Двајцата лидери се состанаа во канцеларијата на мисијата на добра волја на ОН која се наоѓа во меѓупросторот и домаќин беше специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде.

По средбата која траеше приближно 4 часа не беше објавено било какво соопштение.

На средбата освен специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде присуствуваа и  специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар Лиза Баденхајм, преговарачот на турската страна Оздил Нами и преговарачкот на кипарско-грчката страна Андреас Мавројианис и други функционери на двете страни.

Двајцата лидери на поделениот остров Кипар Акинџи и Анастасиадиз кои за последен пат во рамките на интензивираните преговори се состанаа на 20 ноември повторно ќе се состанат утре.

Преговорите меѓу страните кои по заедничкото соопштение кое што беше потпишано во февруари 2014 година беа започнати повторно по што беа интензивирани по изборот на Мустафа Акинџи за претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).


Тагови:

Слични вести