Вечерва нова средба помеѓу Акинџи и Анастасиадис на Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасиадис денеска во 18:00 часот според турско време ќе се состанат повторно во меѓупросторот на поделениот остров

421122
Вечерва нова средба помеѓу Акинџи и Анастасиадис на Кипар

Преговарачкиот процес на Кипар продолжува интензивно во текот на ноември.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасијадис денеска во 18:00 часот според турско време ќе се состанат повторно во меѓупросторот на поделениот остров.

Во меѓувреме лидерот на кипарско-грчката управа Анастасиадис синоќа оствари телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во телефонскиот разговор беа разменети мислења посветени на неодамнешната посета на Ципрас на Анкара и преговарачкиот просец на Кипар.

Минатата недела на разговори на Кипар допатуваа министрите за надворешни работи на Германија и Велика Британија, додека наредната недела се очекува да допатува и рускиот министер за надвореши работи Сергеј Лавров.


Тагови:

Слични вести