ТИКА реновира училиште во Доње Љубиње кај Призрен

Во селото Доње Љубиње кај Призрен на свечен начин беше пуштено во употреба училиштето кое целосно беше реновирано со средства на Турската агенција за обнова и развој ТИКА

366717
ТИКА реновира училиште во Доње Љубиње кај Призрен

ТИКА реновира училиште во Доње Љубиње кај Призрен

Во селото Доње Љубиње кај Призрен на свечен начин беше пуштено во употреба училиштето кое целосно беше реновирано со средства на Турската агенција за обнова и развој ТИКА.

Во училиштето се школуваат 285 босански ученици.

На свеченоста присуствуваа косовскиот министер Расим Демири,генералниот конзул на Република Турција во Призрен Селен Евџит, потпретседателот на ТИКА Али Маскан, ученици , нивните родители и гости.

Во говорот на свеченоста потпретседателот на ТИКА Али Маскан изјави дека целта е децата на сонародниците во Косово да се школуваат во подобри услови.

Членот на косовската влада министерот Расим Демири подвлече дека Турција е земја која најмногу инвестира во Косово, а директорот на училиштето Асим Карадолами се заблагодари како на ТИКА рака и на Турција за несебичната помош на училиштето.

Свеченоста продолжи со концерт на народни песни и игри кој го подготвија учениците на училиштето во Доње Љубиње.


Тагови:

Слични вести