Соработка меѓу турскиот и српскиот институт за патенти
Во Белград се потпиша меморандум за соработка меѓу Турскиот институт за патенти и Српскиот завод за интелектуална сопственост
По тој повод директорот на Турскиот институт за патентиХабип Асан изјави дека институтот е во фаза на подготовка на акционен план кој ќе се реализира паралелно со акционите планови со другите сектори на чело со образованието.
Асан додаде: Србија е првата земја на Балканот со која потпишавме меморандум за соработка. Со Босна и Херцеговина се наоѓаме во фаза на подготвување на содржината на меморандумот за соработка а се надеваме дека во најскоро време ќе потпишеме меморандуми за соработка и со останатите балкански земји како што се Хрватска, Албанија, Косово и Македонија.
Во име на српаската страна меморандумот за соработка го потпиша Невенка Новаковиќ директорка на Заводот за интелектуална сопственост.
На свеченоста меѓу другите присуствуваа амбасадорот на Република Турција во Белград Кемал Бозај и аташето за трговија при амбасадата Имаил Боздемир.
Слични вести
