Прифаќањето на бегалците од страна на Словенија е невозможно

Ние се раководиме согласно одлуката што ја усвоивме заедно со Австрија и Германија

366561
Прифаќањето на бегалците од страна на Словенија е невозможно

Словенскиот премиер Миро Церар рече дека прифаќањето на илјадници бегалци од страна на една мала земја во регионот како што е Словенија е невозможно.

Со цел да го контролира влезот на бегалците во земјата, Словенија поставува бодликава жица по границата.

Словенскиот премиер Церар во изјавата за печатот рече дека ќе продолжат со поставувањето бодликава жица на границата со Хрватска со цел да го контролираат влезот на бегалците и дека тоа претставува само еден вид привремена мерка.

Словенија е најмалата земја која од страна на бегалците се користи како коридор низ Балканската маршрута, рече Серар и подвлече дека преминот на околу 7 илјади бегалци секој ден низ земјата е голем товар за Словенија.

Во врска со критиките за поставување бодликава жица по должината на границата со Хрватска премиерот Церар рече дека одлуката е усвоена во рамките на човековите права. Невозможно е најмалата земја на регионот како што е Словенија да прими десетици илјади бегалци.

Ние се раководиме согласно одлуката што ја усвоивме заедно со Австрија и Германија, рече Церар и потенцираше дека ако ги земеме во предвид безбедносните прашања, ние во суштина вложуваме напори кризата да не прерасне во човечка трагедија.

Словенските војници се ангажирано само со цел да и помогне на полицијата, рече Церар и истакна дека не е правилно секој имигрант да се оценува за терорист.

Во меѓувреме, во соопштението објавено од страна на Министерството за внатрешни работи на Словенија беше истакнато дека од 16 октомври наваму, кога Унгарија ја затвори границата со Хрватска, 221 илјада 44 имигранти влегоа во земјата, а 204 илјади 560 имигранти од Словенија заминаа за Австрија.

Повеќето од имигрантите дојдоа од земјите каде што продолжуваат судирите како што се Сирија, Ирак и Авганистан, рече Церар и додаде дека имигрантите по морски пат доаѓаат до Грција, од тука преминуваат за Македонија, Србија, Хрватска и преку Словенија одат за Австрија.


Тагови:

Слични вести