Продолжуваат преговорите за изнаоѓање трајно решение на Кипар

Главна тема на денешните преговори е правото на сопственост

404579
Продолжуваат преговорите за изнаоѓање трајно решение на Кипар

Во рамките на Кипарските преговори денес ќе се состанат претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на Кипарско грчката управа Никос Анастасиадис.

На средбата што ќе се одржи во тампон зоната под контрола на ОН, покрај делегациите на двете страни се очекува да учествува и Еспен Барт Еиде, специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН одговорен за Кипар.

Главна тема на преговорите е правото на сопственост.

Распределбата на раководството и поделбата на земјиштето се други значајни прашања кои ќе бидат разгледани на состанокот.

Последен пат лидерите се состанаа на 12 октомври во тампон зоната и разменија мислења за проблемите кои сеуште не се решени, по што заедно вечераа.
Членовите на преговарачките делегации пред средбата на лидерите интензивно продолжуваат со средбите за окончување на технички подготовки.


Тагови:

Слични вести