По 1 ноември ќе се забрзат дипломатските иницијативи на Кипар

Дипломатските иницијативи на Кипар кои ќе започнат со посетата на американскиот државен секретар Џон Кери на 14 ноември потоа ќе продолжат со посетите на министрите за надворешни работи на Германија, Русија и на земјата гарантор Англија

По 1 ноември ќе се забрзат дипломатските иницијативи на Кипар

Земјите кои им придаваат тек на иницијативите за решавање на Кипарскиот проблем веднаш по парламентарните избори во Турција на 1 ноември се подготвуваат на дипломатски атак на островот.

Дипломатските иницијативи на Кипар кои ќе започнат со посетата на американскиот државен секретар Џон Кери на 14 ноември потоа ќе продолжат со посетите на министрите за надворешни работи на Германија, Русија и на земјата гарантор Англија.

Меѓу приоритетните прашања за време на овие посети на министрите за надворешни работи се наоѓа надминувањето на длабоките разидувања во ставовите меѓу лидерите на двете страни на островот кои што се појавија во преговорите за имотната сопственост која ја претставува основата на проблемот и продолжувањето на преговарачкиот процес без истиот да биде полдожен на прекин.

Во тие рамки шефовите на дипломатиите кои ќе допатуваат на Кипар ќе реализираат иницијативи и во правец на охрабрување на лидерите на островот.   


Тагови:

Слични вести