Косово го потпиша договорот за стабилност и партнерство со ЕУ

Со овој договор Европската унија станува најважниот трговски партнер на Косово

359313
Косово го потпиша договорот за стабилност и партнерство со ЕУ

Косово го потпиша договорот за стабилност и партнерство со Европската унија

Догогоро кој што претставува патоказ за членство во Европската унија се смета за најважен документ во историјата на Косово.

Со овој договор Европската унија станува најважниот трговски партнер на Косово.

Освен тоа истиот се толкува како пат кој ќе го однесе Косово во Европската унија.

Премиерот на Косово Иса Мустафа договорот го оцени како почеток на еден долг процес, а министерот за евроинтеграции на Косово Беким Чолаку за истиот рече дека е значајна пресвртна точка за Косово.

Косово ја прогласи својата независност во 2008 година и денес е признато од страна на стотина држави.

И покрај тоа што не го признаваат Косово 5 членски на Европската унија го поддржаа потпишувањето на договорот за стабилност и партнерство со Косово.


Тагови:

Слични вести