Повторно отворен унгарско-српскиот граничен премин Роске-Хоргош

Србија и Унгарија повторно го отворија главниот граничен премин Роске-Хоргош кој поради масовниот прилив на мигранти беше затворен од страна на унгарска страна

390903
Повторно отворен унгарско-српскиот граничен премин Роске-Хоргош

Повторно отворен граничниот премин Роске-Хоргош на унгарско-српската граница која поради масовниот прилив на мигрантите беше затворен на 17 септември.

Унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ отворањето на граничниот премин Роске-Хоргош кој беше затворен го соопштија денеска со заедничка прес конференција.

Унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер рече: „Мигрантската криза беше причина за вонредна состојба и во Унгарија и во Србија. Ова прашање ќе се обидеме да го решиме заедно.“

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ исто така истакна дека мигрантската криза продолжува и рече дека со својот унгарски колега го подвлекле значењето на меѓународните граници и на економската соработка за двете земји.

Во Унгарија оваа година влегоа 217 илјади 382-јца мигранти од кои 201 илјада 355 од српско-унгарската граница, а 15 илјади 833-јца од хрватско-унгарската граница.

Во Унгарија каде што во 2012 година барање за азил поднесле 2 илјади лица, до крајот на годинава се предвидува бројот на мигрантите кои ќе влезат во земјата да изнесува над 300 илјади лица.


Тагови:

Слични вести