Унгарија на границата со Србија планира да ја ангажира армијата

На 15 септември во унгарскиот Парламент ќе се дискутира за предлогот на премиерот Орбан покрај полициските сили на границата со Србија да биде ангажирана и армијата

377242
Унгарија на границата со Србија планира да ја ангажира армијата

Унгарија за спречување на премините на мигрантите од Србија планира да ја ангажира и армијата.

Доколку предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на 15 септември биде усвоен во Парламентот на унгарско-српската граница покрај полициските сили ќе биде ангажирана и војската.

Освен тоа премиерот Оран обезбеди да бидат усвоени во Парламентот и законите со кои што се предвидува долж границата со Србија да бидат формирани 3 транзитни зони.

Властите во Будимпешта во јули ја прогласија Србија за безбедна зона о за мигрантите и со тоа ја подготви основата за враќање на мигрантите назад во Србија, а кои ќе бидат собрани во транзитната зона.

Унгарија каде се наоѓа на власт радикалната десница, изминатите денови ја заврши и изградбата на оградата со бодликава жица со жилети.


Тагови:

Слични вести