Мандатор за состав на нова влада во Грција Лафазанис

Грчкиот претседател Пропокис Павлопулос за трет и последен мандатор за состав на влада го назначи лидерот на партијата Популарно единство (Laiki Enotita) Панајотис Лафазанис

340328
Мандатор за состав на нова влада во Грција Лафазанис

По минатонеделната оставка на коалиционата влада на чело со Алексис Ципрас, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос мандатот за формирање на нова влада му го врачи на лидерот на Популарно единство (Laiki Enotita) Панајотис Лафазанис кој со група пратеници ја напушти СИРИЗА и формира нова партија.

Претседателот Павлопулос во изјавата што ја даде за време на приемот на Лафазанис во претседателската палата истакна дека мандатот за состав на нова влада кој што согласно Уставот ќе трае до 27 август треба да го добие партијата Популарно единство (Laiki Enotita) која е инаку трета голема партија во Парламентот по бројот на пратеници.

Доколку Лафазанис не успее да формира нова влада во рок од 3 дена грчкиот претседател Прокопис Павлопулос располага со право да го расопушти Парламентот и да прогласи предвремени избори.

 


Тагови:

Слични вести