Бран од илјадници мигранти на пат кон западно-европските земји

Илјадници мигранти кои ја преминуваат грчко-македонската граница преку Македонија и Србија го продолжуваат патувањето кон Унгарија и западно-европските земји што претставува нивна конечна цел

339745
Бран од илјадници мигранти на пат кон западно-европските земји

Бранот од илјадници лица кои избегале од војната во своите земји како што се Сирија, Авганистан и Ирак продолжува да тече кон западно-европските земји.

Македонија која во текот на 3 дена ја затвори својата граница за приливот од мигранти откако не можеше да се справи со бранот од луѓе ја отвори границата.

Голем број мигранти преминувајќи ја грчко-македонската граница пристигнаа на железничката станица во Гевгелија, а одовде со возови и автобуси го продолжуваат патувањето кон граничниот премин Табановце, од каде што преку Србија ќе заминат за Унгарија и западно европските земји што претставува нивна конечна цел.

Само за еден ден бројот на мигранти кои од грчко-македонската граница влегоа во Македонија и оттука беа транспортирани за Табановце се вели дека изнесува неколку илјади.

На мигрантите кои преминуваат во Македонија им се издаваат потврди за барање азил со што им се дозволува престој од 72 часа во земјата. Истото се однесува и во Србија каде што откако ќе го преминат Табановце од се бара за 72 часа да ја напуштат земјата.

Оние мигранти кои од Србија преминуваат некако во Унгарија пак поради тоа што оваа земја се наоѓа во Шенген зоната оттука слободно можат да се движат и во другите земји на ЕУ.

Така можноста масовниот бран илјадници мигранти за неколку дена да почне да пристигнува и во земји како што се Германија, Франција и други ги пинуди главните градови на земјите на ЕУ да почнаат да бараат решенија за ова хуманитарно прашање.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел ќе остварат средба на која ќе разговараат за мерките во однос на масовниот бран мигранити кој што продолжува да тече кон нивните земји и за тоа по колку мигранти ќе примаат.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ...


Тагови:

Слични вести