Продолжува тензијата со мигрантите на грчко-македонската граница

На грчко-македонската граница продолжува хаосот и напнатата состојба со големиот прилив на мигранти кои вршат притисок да влезат во Македонија

339221
Продолжува тензијата со мигрантите на грчко-македонската граница

Судирот помеѓу големиот број мигранти кои продолжуваат да чекаат на грчко-македонската граница и вршат притисок за влез во Македонија и македонската полицијата заврши со дозвола за нивно пропуштање во земјата.

Надлежни истакнуваат дека откако мигрантите го пробиле безбедносниот кордон вчера попладне, во земјата влегле приближно 1500 мигранти.

Во судирот до кој дојде на македонската граница каде што има голем прилив на мигранти полицијата употреби шок бомби за нивно растерување и спречување за влез во земјата.

Мигрантите велат дека војната во нивната земја продолжува и дека излегле на пат со надеж да заминат во земјите на ЕУ за подобар живот.

Еден од нив од сириско потекло раскажува дека пред некаде околу еден месец најпрвин влегле во Турција, а оттаму со гумен чамец во кој се наоѓале 62-јца бегалци преминале во Грција, по што со големи маки пристигнале на грчко-македонската граница од каде што преку Србија планираат да заминат за Германија.

Во меѓувреме, од Грција и понатаму продолжуваат да пристигнуваат нови мигранти кои како што се вели од островите со автобуси се носат кон границата со Македонија.

Макеоднски надлежни органи истакнуваат дека од 19 јуни досега им биле издадени потврди за барање азил на вкупно 42.421 миграни, од кои најбројни биле со сириско државјанство дури 34.346 лица, а потоа следеле државјани од други Блискоисточни и африкански земји.

Од друга страна и мобилни екипи на Црвениот крст дневно на мигрантите им доставувале по 1000 до 1500 пакети со храна, вода и други основни животни потреби.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ...


Тагови:

Слични вести