Во антитерористичка операција во Македонија приведени 9 лица

Во неколку градови во Македонија беше реализирана антитерористичка операција против лица за кои постоело сомневање дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ)

317618
Во антитерористичка операција во Македонија приведени 9 лица

Во неколку градови во Македонија беше реализирана антитерористичка операција против лица за кои постоело сомневање дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Притоа во операцијата беа приведени 9 лица, а по 27 лица се трага.

Македионскиот министер за внатрешни работи Митко Чавков на одржаната прес конференција истакна дека антитерористичката операција била реализирана под името „Ќелија“ и тоа во неколку градови на чело со главниот град Скопје и во Струга, Куманово, Тетово и Гостивар.

Министерот Чавков рече дека ќе продолжи сослушувањето на приведените 9 лица за извршено кривично дело приклучување кон терористичките организации во Сирија и Блискиот исток и провоцирање на народот.

Според податоци на министерството за внатрешни работи на Република Македонија до денеска приближно 130 македонски држжавјани ја напуштиле земјата и заминале на боиштата особено во Сирија.


Тагови:

Слични вести