Раководството на БиХ во посета на Србија

Претседателот и членовите на тројното претседателство на Босна и Херцеговина допатуваа во посета на Србија

346750
Раководството на БиХ во посета на Србија

Претседателот на тројното претседателство на Босна и Херцеговина Драган Чович, бошњачкиот член Бакир Изетбегович и српскиот член Младен Иванич во Белград се состанаа со српскиот премиер Александар Вучич кој на за време на церемониите на 11 јули во Сребреница беше нападнат од група граѓани.

На одржаната прес конференција по средбата, српскиот премиер Александар Вучич заблагодарувајќи им се на членовите на тројното претседателство на Босна и Херцеговина рече:„Верувам дека е отворена нова страница помеѓу двете земји, во однос на нашата заедничка иднина.“

Истакнувајќи дека на дневен ред на средбата бил поставен и нападот на кој беше подложен во Сребреница, Вучич истакна дека тој е спремен да го заборави овој напад и рече: „Она што ни претстои нам е да го воспоставиме мирот.“

Претседателот на тројното претседателство на Босна и Херцеговина Драган Чович исто така истакна дека на средбата било разговарано за голем број прашања и рече: „Има многу работи кои што не тераат да мислиме на минатото, меѓутоа има многу повеќе работи кои што не тераат да гледаме кон иднината.“

Укажувајќи дека историјата треба да им се остави на историчарите, Чович го додаде следното: „Ние како тројно претседателство и како парламент соработката помеѓу Србија и Босна и Херцеговина треба да ја издигнеме до највисок степен. Тоа е нашиот приоритет.“

Бошњачкиот член на тројното претседателство на Босна и Херцеговина Бакир Изетбегович исто така привлече внимание дека го посетија српскиот премиер Александар Вучич кусо време по нападот на кој беше подложен во Сребреница.

Изетбегович рече: „Ние силно го посакуваме развојот на регионот. За тоа постои потреба од безбедност и стабилност кои пак не можат да се воспостават без да постои мировниот процес.“


Тагови:

Слични вести